fbpx

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа по средбата со лидерот на Самоопределување Албин Курти изјави дека денеска продолжуваат нивните разговори за составување нова коалициска влада на Косово. Курти деновиве ги објави имињата на кандидатите на неговата партија за втор заменик премиер и за петмина министри. Главна пречка за договор за новата влада е барањето на Демократскиот сојуз да му припадне правото да предложи претседател на Косово кога во март 2021 година му истекува мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Shpërndaj me

Loading...