fbpx

Пропадна проектот за доделување на ваучери од 1000 евра за инвертери кои бомбастично беше најавуван пред цела година и со кој требаше повеќе граѓани уште пред ланската зимска сезона да можат да се греат еколошки. По неколкумесечените преписки меѓу повеќе министерства, ваучерите останаа недоделени. Сега на стартот на новата грејна сезона, Градот најавува нови правила при аплицирање. Наместо ваучери граѓаните треба од свој џеб да купат инвертер клима а потоа локалната власт ветува дека ќе им ги врати парите. Од Град Скопје велат дека сами одлучиле да бараат фискални сметки за веќе купена инвертер клима, бидејќи така било полесно за евиденција.

Град Скопје:

Беа дискутирани повеќе опции за процесот на распределба на средствата. На крајот, Град Скопје одлучи да ја искористи методологијата која ја користеше за јавните повици за 2018 и 2019 година. Причината за тоа е бидејќи оваа методологија се покажа како ефикасна, а го олеснува процесот на мониторинг и контрола за тоа дали граѓаните навистина го имаат променето начинот на греење пред да им се исплатат средствата.

Ваквата промена на правилата за аплицирање е дискутабилна поради повеќе причини. Ваучерите требаше да им помогнат на социјално ранливите категории граѓани да стигнат до еколошки грејни тела, но сега е проблематично како воопшто тие ќе аплицираат ако се знае дека цената на една инвертер клима се движат од 500 евра па нагоре. Огласот во Град Скопје е во тек и предвидени се средства за 5000 лица кои купиле инвертер клими од почетокот на годинава.  Исти правила важат и во општините Кичево и Тетово –но не и во Битола. Во оваа општина огласот важи од петокот и и ќе можат да аплицираат оние кои од тогаш ќе купат инвертер клими. Исто така во локалната власт во Битола не мора да се приложат фискални сметки, туку доволно е граѓаните да достават профактура од фирмата каде ќе ја набават климата. Од општините уверуваат дека оваа година граѓаните ќе добијат пари за инвертер климите . Но кога не прецизираа бидејќи процедурата е долга – граѓаните најпрво треба да ја инсталираат новата клима, да ги предадат старите грејни тела, а потоа општината да провери дали апликантот ги почитувал овие барања. Колку ќе трае овој процес никој не може да прецизира. Проектот за замена на грејните тела со инвертер клими беше промовиран од  од Министерството за екологија а за оваа цел беа одвоени 10 милиони евра од ЕСМ.

Shpërndaj me

Loading...