Онлајн наставата се одвива во речиси сите училишта низ земјава. Контролите во училиштата се вршат електронски преку прашалници. Ваква е проценката на државниот просветен инспекторат кои ја следат работата на сите училишта за време на вонредната состојба, но без вршење притисок врз наставниците.

Од инспекторатот велат дека забелешки биле регистрирани само за учениците и наставниците кои поради тешката економска состојба, не се вклучиле во онлајн наставата. Ним ќе им се поделат картички за мобилен интернет од 10 гигабајти.

Во меѓувреме, наставата се врши преку разни платформи зависно изборот на наставникот. Хатиџе Топали од О.У „Пенко“ веќе три недели држи настава со помош на апликацијата „Зум“. Вели дека тоа е најдобриот начин да остане во контакт со учениците.

„Во оваа програма има табела, има слајдови кои ги прават однапред и им давам директни објаснувања. Не бим им препорачала на наставниците да работат преку Вибер, освен оние кои немаат услови за работа. Доволно е што секој наставник се труди да најде начин да работи со учениците за да се ангажираат со нешто. Со Вибер и Ватсап е потешко бидејќи наставникот не може таму да објасни директно, таму се ангажираат учениците со задачи, родителите имаат повеќе проблеми, родителите треба да станат наставници и да објаснуваат“, рече Хатиџе Топали- наставничка во О.У „Пенко“.

Иако не се во училница, учениците на Топали од петто одделение продолжуваат да креваат рака за да ги прочитаат домашните задачи.

Според наставничката Топали, онлајн наставата нуди полесни можности за оценување на учениците.

„Со тестови сè уште не сме почнале, но имам оценки, ги прашувам усно додека објаснуваат, по математика исто така ги читаат домашните задачи. Мој ученик не може да не успее за месец или месец и пол. Ние сме тие кои во овие тешки времиња треба да ги мотивираме учениците, да не ги оптоваруваме многу со тестови, со разни задачи, туку да држиме некоја нормала“, додава Топали.

Е-училницата, односно националната платформа за продолжување на едукативно-наставниот процес онлајн, официјално почна да се применува од 25 март. На веб страницата www.eduino.gov.mk веќе се поставени видео-лекции за одредени предмети и одделенија. Наставата од далечина ќе продолжи и преку првиот и вториот канал на јавниот сервис.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...