fbpx

Протестите продолжија и денес на Шар планина каде беа стопирани работите за водоснабдување на селото Синичане. За разлика од вчера кога ситуацијата беше по тензична меѓу полицијата и градоначалникот Албон Џемаили, денес ситуацијата беше посмирена. На местото на настанот е и полицијата која не дозволува да продолжат работите.  НА неколку метри од полицијата, во знак на протест, од вчера и понатаму стојат жителите на селото Синичане, кои инсистираат да останат се додека не се најде решение за спорот.

„Ние сме тука од вчера во 10 часот и ќе продолжиме сè додека не добиеме вода за пиење. За разлика од другите,  ние не бараме ништо друго освен вода за пиење. Другите  бараат вода за луксуз, за базени. Бараме вода за пиење, за ништо друго“.

„Нема подобар празник ако заедно славиме за целта на нашето постоење. Доаѓаме да протестираме и да побараме од надлежните органи да ни доносат вода во селото“

„Тие мислат дека ќе се откажеме од ова, но не. Ние не се откажуваме од ова сè додека водата не стигне до нашите домови. Мора да ни дозволат да работиме или нека седат во Скопје. Ние ќе останеме тука“.

Покрај протестот на жителите на селото Синичане, протестираа и жителите на селото Урвиќ, тврдејќи дека изворот на вода им припаѓа ним.

„Господине градоначалниче, зарем не најдовте време да дојдете кај нас за да ве прифатиме, ви  гарантираме сто проценти безбедност. Ќе најдевме заеднички јазик”

„Јас сум бил активист на господинов, каде беше до сега да дојде и да ме праша што е работата“

„Времињата се лоши со пандемија, печалбата замира, ние сме занаетчии. Таа вода утре ќе ни треба за да се храниме“

За разлика од протестот на жителите на Урвиќ, кој траеше само еден час, жителите на Синичани продолжуваат да остануваат на местото каде што се одвиваат работите. Според нивните изјави, тие ќе продолжат со протести и за време на Бајрам.

 

Bashkim Sulejmani

 

 

Shpërndaj me

Loading...