fbpx

Стотици противници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа протестираа пред неговата официјална резиденција, повикувајќи го да поднесе оставка, додека мала група негови приврзаници се судрија со полицијата и новинарите во трговскиот центар во близина.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица.

Додека централниот дел на демонстрациите се одржуваше пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим, група млади луѓе, облечени во црно, ги навредуваа претставниците на медиумите и нападнаа палестински возач на автобус и двајца новинари во трговски центар во близина.

 

Shpërndaj me

Loading...