fbpx

Наскоро ќе биде регистрирана уште една руска вакцина против вирусот корона, рече претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, обраќајќи се пред сенаторите на Советот на Федерацијата.

Путин додал дека властите ги земаат предвид можните ризици во борбата против вирусот и оти рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се спротивстави на инфекцијата со вирусот корона и сезонскиот бран настинки.

Претходно, министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров, изјави дека втората руска вакцина против kovid 19 ќе ја произведува компанијата „Биокад“.

Да потсетиме, во август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против вирусот корона „Спутник V“, што ја разви центарот „Гамалеј“ заедно со рускиот фонд за директни инвестиции. Во моментов е во тек последната фаза од тестирањето на вакцините, во која учествуваат голем број волонтери.

Shpërndaj me

Loading...