Да имате едно дете е голем благослав. Да имате две деца е уште поголем благослов за вас и вашето дете кое никогаш нема да биде осамено и секогаш ќе има другар, искрен, вистински, пожртвуван. Според Џефри Клугер, автор на книгата The Sibling Effect, меѓусебниот однос на браќата/сестрите влијае на целиот нивен живот. Еве неколку многу важни работи кои ги карктеризираат децата кои растат заедно со брат или сестра.

Постарите деца се попаметни, помладите поинтересни

Постарите деца имаат за 3 единици поголем коефициент на интелигенција од помладите, така што родителите не треба да се грижат доколку нивното помладо дете не ги добива сите 5-ки на училиште, како постариот брат/сестра. Клугер вели дека првородените деца имаат корист од целосното, неподелено внимание од страна на родителите, пред да се роди второто дете, а откако ќе се роди, учат доста работи, подучувајќи го помладото братче или сестриче. Клугер вели дека помладите деца обично се обидуваат да бидат различни од своите постари браќа и сестри, па затоа не треба да ве зачуди ако одберат да прават нешто друго во животот. Тој додава: „Не е случајност, тоа што повеќето комедијанти се помлади или најмлади деца во семејството“.

Помладите го имитираат лошото однесување

Помладите деца обично ги прибираат навиките од постарите, особено кога станува збор за лошото однесување на братот или сестрата. Доколку постарото дете пуши, шансите дека и помладото дете ќе пропуши се 4 пати поголеми. Кога станува збор за бременоста, доколку постарата сестра забремени на тинејџерски години, помалата ги зголемува своите шанси за повторување на постапката за 5 пати.

Клугер советува дека треба да го научите постарото дете на добри манири, за потоа да немате проблем со помалото.

 

 

Shpërndaj me

Loading...