Албанскиот премиер Еди Рама за прв пат реагираше во врска со платформата што ја објави во петокот претседателот Илир Мета и која е испратена до партиите од април годинава, а во врска со координација за повеќе важни прашања. Шефот на Владата на социјалните мрежи напиша дека „Претседателот не му доставил никаква платформа“ додавајќи дека тој е подготвен да седне на маса со Мета и опозицијата за да разговара околу точките за интеграција на земјата. Платформата на претседателот Илир Мета испратена до шефот на владата, Еди Рама и главниот лидер на опозицијата, Лулзим Баша, содржи 14 точки и се фокусира на два главни столба, како што се реформа во правосудството и изборната реформа.

Shpërndaj me

Loading...