fbpx

На европскиот список на земји кои можат слободно да патуваат во Унијата и овој пат ја нема Македонија. Советот на ЕУ објави ажуриран список на трети земји чии граѓани од 1 август немаат право да влезат во земјите членки, бидејќи не ги исполнуваат критериумите, како на пример стапката на заразени, стабилен пад на бројот на новозаболени и целокупниот начин на кој државата се справува со корона вирусот. Дозвола за влез ќе имаат само граѓаните на ЕУ и членовите на нивните семејства  и патниците со основна потреба.

„Критериумите за утврдување на трети земји за кои ќе се отстрани сегашното ограничување на патувањето, ја опфаќаат епидемиолошката состојба и мерките за ограничување, вклучително физичкото растојание, како и економските и социјалните аспекти“, се вели во анализата на Советот на ЕУ.

И додека ЕУ порачува дека ниту една земја членка не треба сама и без консултации со другите членки, да ги укинува патните ограничувања на земјите од списокот, Грција размислува да ги дигне граничните рампи за  македонските граѓани и другите соседи. На оваа тема денеска разговарале грчкиот премиер Мицотакис и министерот за здравство.

Денеска со свој став за подигање на граничните рампи излезе и  СЗО. Од таму препорачуваат  земјите во светот  врз основа на темелна проценка за ризикот, постепено да ги укинуваат мерките за меѓународни патувања, особено  за итни случаи, хуманитарни активности, патувања на неопходен персонал и враќање во матичната земја.

„При донесувањето одлуки, државите треба да ја земат предвид епидемиолошката состојба на локално ниво и начинот на пренесување, националното здравство, како и социјалните мерки кои се во сила“, порача СЗО.

Вкупниот број на заболени од корона вирус во последното деноноќие изнесува….

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...