Пандемијата со коронавирусот ги натера луѓето да го заменат традиционалниот начин на купување со купување производи од интернет. Изминатов период најмногу онлајн се пазарувале прехранбени производи. Па така на супермаркетите и доставувачите на храна онлај нарачките им се зголемиле за 8 до 9 пати повеќе.

„Посебно не радува како асоцијација во овој период што и повозрасните луѓе купуваат онлајн, забележени се трансакции на и на лица над 65 годишна возраст да купуваат онлајн. На почетокот на месец март, интерните податоци покажаа дека дел од купувачите пазареа конзервирана храна“, рече Виктор Стојкоски- Асоцијација за е- трговија.

Според асоцијацијата  земјава го надмина стереотипот околу безбедноста, но треба да се работи сеуште на едукација на граѓаните како да научат да купуваат онлајн. Граѓаните кои ги прашавме сметаат е бесзбедно да се купува онлајн но  сепак плаќањето на сметките да биде на лице место.

Сите банки во земјава нудат е-бакарство за плаќање на сметките за вода, струја и останати трошоци. Од банкарскиот сектор велат дека коронавирусот ги зголемил трансакциите, но сепак немаат официјални податоци за колку. Во земјава има регистрирано 1.020 е- продавници. Македонците претходната направиле 6.5 милијарди трансакции онлајн, со што потрошиле 174 милиони евра по понудените услуги на интернет.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...