fbpx

Огромен бран на реакции избувнаа по вчерашната прес конференција на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој го впери прстот кон домашните институции дека се одговорни за блокирање на датумот од Франција. Социјалните мрежи вербално го нападнаа амбасадорот, дури и во некои случаи велејќи дека тој „ја омаловажувал интелигенцијата на граѓаните“ и дека „би било доволно уште една негова прес конференција и потоа опозицијата нема потреба од изборна кампања“. Останатите излегоа во пресрет на Тимоние велејќи дека неговата изјава открила дека владата лажела. Малинка Јорданова од Институтот за европска политика го оправдува разочарувањето на критичарите на Тимоние. Според неа, овие изјави се во спротивност со она што претходно го изјави официјален Париз.

Амбасадорот Тимоние вчера рече дека одговорноста за не давање датум треба да се бара кај оние кои ветија такво нешто и дека земјава треба да ги продлабочи реформите, особено во судството.

Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во РСМ

„Прашањата во врска со судството и сите потешкотии се од круцијално значење за нас. И не е тајна ако кажам дека за време на последните разговори во Париз меѓу Никола Димитров, Бујар Османи и нивните француски колеги, судските случаи беа ставени на маса и беа внимателно разгледувани. Вака беше ситуацијата и со холандскиот парламент, но и со другите. Бидејќи овој дел од агендата е суштински “.

Франција, Данска и Холандија беа државите кои рекоа „не“ за датум за Македонија и Албанија за започнување преговори за членство.

Fatlume Dervishi 

Shpërndaj me

Loading...