На списокот на највредни фудбалски клубови за 2020 година нема промени. Реал останува на првото место со вредност од 3,4 милијарди евра. На второто место е Манчестер Јунајтед со 3,3 милијарди евра, пред Барселона со 3,1 милијарди и Баерн Минхен со 2,8 милијарди евра. Сегашните европски шампиони, екипата на Ливерпул се искачи за 2 места и сега е на 5-то место со вредност од 2,6 милијарди евра. Во Топ 10 се и  Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем, ПСЖ и Арсенал. Во меѓувреме, се забележува доминација на екипи од англиската Премиер лига, која има 6 клуба меѓу 10-те највредни екипи во светот на фудбалот.

 

Shpërndaj me

Loading...