Со ребалансот на буџетот се скратија финансиски средства за неколку институции и дејности, но не и за финансирање на политичките партии. Заменик министерката за финансии Ширете Елези изјави дека Министерството за правда е одговорно за прашањето за финансирање на партиите, но таа како претставник на ДУИ не одговори дали е за кратење на овие средства.

„Секоја заштеда што ќе успееме да ја направиме е добра и тоа до крајот на изборите. Секако дека ќе има соработка со ДИК и со надлежните институции. Ние ќе ги искористиме повторно за да опоравување на домашната економија“, вели Ширет Елези, ДУИ.

Од СДСМ велат дека финансирањето на партијата не е стопирано поради недостаток на консензус.

ВМРО ДПМНЕ е подготвена да се откаже од буџетските средства, но не се сигурни каде ќе завршат тие средства.

Според Законот за финансирање на политичките партии, од државниот буџет партиите секоја година добиваат од 4,5 до 5 милиони евра, односно  0,15% од буџетот. Во годините кога има избори, партиите добиваат дополнителни буџетски средства за финансирање на изборните кампањи.

Мефаил Исмаили

 

Shpërndaj me

Loading...