Заштитна опрема, дезинфекциони средства на речиси секоја маса, редарска служба на влез, и оддалечени маси. Ваква е сликата во кафулињата и рестораните денеска. Угостителите по два месеци ги отворија своите објекти и велат дека ќе го почитуваат протоколот, а истото го очекуваат и од гостите.

„Работиме со протокол од 20 до 30 проценти, ова значи дистанца од метар и половина до два од маса до маса и 9,62 капацитет на една маса, односно на 10 квaдрати“, вели еден угостител.

„Имаме одговорно лице кое што сите гости кои што ќе влегуваат треба да внимава дали се дезинфицираат“, додава тој.

„Редарската служба го пречекува гостинот на секој влез има дезинфекциони средства каде што мора да дезинфицира раце и нозе при влез на објектот“, вели друг угостител.

Граѓаните велат добро е што се отворени рестораните, но сега треба повеќе да бидеме свесни и одговорни.

„Сега едно кафенце може за прв ден и да викаме ура ама да бидеме претпазливи сепак се работи за здравјето на граѓаните“, вели еден гостин.

„Моментално заради времето искрено не, но понатаму би посетил зошто да не. Сепак има превземено мерки за дистанца и растојание“, додава друг гостин.

Од државниот инспекторат велат дека ќе вршат контроли,  но сопствениците на објектите ќе ја имаат обврската да го спроведуваат протоколот. Ова значи дека угостителите ќе треба да побараат лични карти од гостите за да утврдат дали се од исто семејство и да им дадат соодветни места на нивните гости. Ова во најголем дел се однесува на четири лица кои ќе посетат кафуле или ресторан да бидат од исто семејство. Според проколот на маса ќе може да седат само двајца, но е предвидено и до 12 лица но со растојание меѓу нив од метар и половина.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...