Отпуштените работници го наполнија дворот пред Агенцијата за вработување. И покрај препораката за социјална дистанца пред АВРМ се чекаше на  купче. Овие луѓе  дојдоа  за да добијат помош од државата, откако овие денови  добиле отказ.

„Фирмата отишла во стечај и сега да се пријавиме во биро… наводно бирото ќе дава 50% од платите…

„Нѐ отпуштија од работа. Спогодбено беше тоа. И сега бидејќи имаме право да се пијавиме, да бараме надомест слушнавме на телевизија затоа бев да се пријавам вчера“, рекоа дел од присутните.

Од другата страна во Агенцијата за вработување е редот каде  бизнисмените  чекаат да пријават нов вработен или пак да одјават работници од својата фирма. И покрај отпуштањата од работа, никој не сакаше јавно да зборува  зошто се делат откази, но имаше и такви кои соопштија дека  вработуваат нови лица во ова кризно време.

Алсат дојде до податок дека во март и во првите денови од април повеќе од 20.000 вработени останале без работа. Најмногу откази се делат во Скопје. Од Агенцијата која има надлежност за вработување и одјавување на вработени не ја потврдија или дематираа оваа инфомација, туку се прогласија за ненадлежни за овој податок.

Наспроти тоа, тие не бележат драстични промени во пријавите и одјавите на работните места. АВРМ наместо податоци, за бројка нè упати во Државниот завод за статистика, од каде нѝ рекоа дека и тие не се надлежни. За време на корона кризата затворени се сите угостителски објекти и поголемиот дел од услужните дејности.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...