fbpx

Бизнисменот Орце Камчев добивал правни совети од шоуменот Бојан Јовановски. Неформалниот сопственик на 1ТВ го советувал Камчев да биде втор соработник на правдата во случајот „Империја“ на СЈО. На судењето за „Рекет“ каде се слушаа аудио разговори меѓу Камчев и Боки 13, не беше кажано кој е првиот соработник.

Боки 13 до Камчев:

Да бидеш вториот соработник на правдата откако првиот ќе го направи тоа. Тој чека твој амин, од нашиот вечерашен состанок. За дел од работите ќе бидеш ослободен од сомненија и обвинувања, за една или две работи ќе признаеш.“

Боки 13 на Камчев му предлага и да даде отштета на државата. Тој случајот „Империја“ го оценува за обемен и школски обработен од страна на обвинителката Лиле Стефанова. Боки 13 на Орце и Ана Камчеви им кажува и дека неговата мајка и сестра први ќе бидат исклучени од обвинението.

Боки 13 до Камчеви:

„Јас имам интерес, да не се лажеме. Друго, политички нека не те лажат. Да не бидам поконкретен, а ако треба и ќе бидам. Немој да веруваш дека тука не знам колку политички сакаат некого од вас да заштитат. Има една вистина, тенденцијата за тебе е ова, втората опција е признавање и отштета. А на него, казна не му бега. Што се однесува до Ратка и до Тина, неколку аспекти има што треба да бидат прочешлани и први ќе бидат исклучени од обвинителниот акт“.

Додека разговара со Боки, Камчев изразува револт кон обвинителката која ја води истрагата „Империја“, Лиле Стефанова. Негодува за известувањето во медиумите објевени по брифниг во СЈО.

Камчев до Боки 13:

„Јас ти гарантирам дека нема криминал, нејзините докази се за во Радовиш, ама не сакам постапката да трае, сакам да се заврши. Ниту има даночно затајување, ниту има државен буџет.“

Во разговорите се договарала и операција за екс шефицата на СЈО Катица Јанева. Трабало да се прави во една приватна болница, а да ја оперира доктор од „Систина“ на Камчев. Се слушна и Јанева како негодува и оти на темава ќе зборуваат нареден пат. Одбраната приговараше дека снимките не се целосни. Адвокатите оценија дека Камчев ги крател до таму каде што му одговарало, не било јасно кој зборува, кој е датумот и времето. Во судница се презентираа и снимките од „Ла Верита“.

Боки 13 на Камчев му кажува кога ќе биде ослободен. Тука приговараше и самиот Боки 13. Не ги прифаќа овие докази оти биле назаконски и имал приватен разговор. Тој го уверува Камчев дека може да му среди за укинување на домашниот притвор, а за пасошот можело да се чека десетина дена.

Обвинетиот во „Рекет“ говорел и во шифри, „цигара“ е кодното име со кое наводно требало да се поткупи обвинителката Стефанова. Во судница се слушна и гласот на Јанева кога на Камчев му вели „не се секирај, сè ќе биде Океј“. Судењето за „Рекет“ продолжува утре.

 

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...