Поранешната пратеничка Фросина Ременски која е третобовинетата во случајот за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески поднесе барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска од овој случај за кој денеска почнува судењето.

-Денеска пред почетокот на судското рочиште за „Меѓународниот сојуз“ во кое сум третообвинета поднесов  барање за изземање на застапникот на обвинението Вилма Рускоска пред државниот јавен обвинител, затоа што се сомневаме во сите фази во предистрагата, истрагата и оценката на обвинителен акт. Имаме цврсти докази за тоа дека постои селективност во постапувањето на основниот јавен обвинител што го застапува обвинението преку кршење на основните права на одбраната во овој случај на мене, меѓутоа и во делот на попречување на правдата, која што е во надлежност на постапување на други институции, изјави Ременски денеска по поднесувањето на барањето.

Рече дека постоеле изјави за изнудување на исказ, за признание и користење на неповолна положба на обвинет за изнудување на исказ против други обвинети во случајот.

-Меѓутоа тоа можеби и не е најстрашниот дел во целото постапување на јавната обвинителка имајќи во предвид дека таа раководеше и издаваше наредби за незаконски претрес во мојот дом за што постојат повеќе од 16 докази приложени во самото барање за изземање до државниот јавен обвинител за што секако е прифатена и тужба пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, додаде Ременски.

 

Shpërndaj me

Loading...