Во текот на животот се соочуваме со многу проблеми и дилеми кои не мачат, вознемируваат, нервираат…

Професорката по менаџмент и бизнис на Dartmouth колеџот, Сидни Финклстејн вели дека со помош на три прашања може да пронајдете одговор за секоја дилема.

  1. Дали сте навистина подготвени да го промените тоа што моментално го правите?
  2. Дали постои подобра стратегија од статус кво?
  3. Дали можете да спроведете одредена идеја?

Нема да успеете да дојдете до решението се додека не одговорите потврдно на овие прашања. Секој друг обид да го решите проблемот е залуден труд.

Само размислете, на пример, некои компании тешко се прилагодуваат на условите на пазарот само поради тоа што имаат отпор кон промените. И тоа не само заради што не можат да се променат, туку затоа што не сакаат. Такси компаниите ширум светот не сакаа да понудат подобри услуги по пониски цени. Затоа, Uber им зеде голем дел од колачот.

Како е во вашиот живот? Што ќе направите во врска со колегата кој не работи? Ако работи за вас, дали ќе го отпуштите? Ќе оставите се само од себе да се среди? Ако не сакате да промените нешто, тогаш немојте да се жалите.

Сетете се на Facebook. Беа подготвени да ризикуваат, направија и мобилна верзија во време кога десктоп верзијата стануваше се поатрактивна. Сега од мобилната платформа, добиваат 80% од вкупните приходи. Запоменете, се во животот е ризик.

Единствената причина поради кој немате започнато со вежбање или со здрав начин на живот, е затоа што не сакате. Сите компании и луѓе би биле на многу подобар пат доколку ги препознаат работите кои би требало да ги променат, би прекинале нивната ситуација да биде статус кво и би имале храброст тоа да го направат.

Shpërndaj me

Loading...