fbpx

РКЕ денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат.

-Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме можност одлуката да ја донесеме во текот на август и сигурно ќе ја донесеме. Имаме сериозни разидувања со БЕГ во однос на нивните трошоци за набавка на топлинска енергија од ТЕ-ТО и во одреден дел кај другите трошоци. Сакаме во разумна и релаксирана атмосфера да си ги размениме аргументите и фактите со БЕГ и да донесем одлука која ќе биде правична и за граѓаните и за компаниите, потенцира Бислимоски.

 

Shpërndaj me

Loading...