fbpx

Во пресрет на новата школска година граѓаните се со поделени мислења за тоа како треба да се одвива наставата. Многумина од родителите анкетирани од Алсат велат дека се за физичко присуство во училиште, бидејќи спорен нив, онлајн наставата била неуспешна.

„Ако сите кафеани работат и работите функционираат нормално, зошто да не функционираат и училиштата, се разбира со државните протоколи за заштита“.

„Кај нас е сиромаштија, немаат телефони, како ќе комуницира со наставникот или професорот“.

„Колку бевте задоволни со одвивањето на онлајн наставата? Воопшто не бевме задоволни, затоа треба да биде редовна“.

Враќање во училиште бараат и самите деца кои велат дека веќе чувствуваат тага за училиштето и друштвото.

„Јас имам девет години и многу ми недостига училиштето. Ми недостигаат другарите, наставничката, другарките”.

За тоа како би се одвивала наставата денеска се расправаше и во Комисијата за образование во ЗЕЛС. Усвоени се неколку заклучоци, меѓу кои и да се зголемат блок дотациите, како и секоја општина заедно со образовните институции да се прилагодат кон моделите одредени од Министерството за образование.

Родителите преку петиција на интернет, која досега ја потпишаа 2.000 лица, бараат учебната година од 1 септември да се одржува со далечинска настава. Со петицијата се бара онлајн наставата да важи за сите ученици, а особено да ги опфати децата од прво до петто одделение, имајќи ја предвид возраста и неспособноста самостојно да се приспособат на здравствените протоколи.

Melihate Rustei

Shpërndaj me

Loading...