„Во некои од селата во Сарај кои ги посетивме, а кои главно се наоѓаат на стариот пат кон Тетово, проблем е канализацијата и водата за пиење“

Градоначалникот сепак, уверува дека напорно работел за на сите села да им обезбеди вода за пиење и канализација.

Ние веќе имаме проекти за Копаница и Ласкарци. Во Буковиќ го завршивме канализациониот систем вреден 40 милиони денари. Сега ги продолжуваме активностите и во други населени места“-изјави Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

Изземајќи се од вина, Беџети го обвинува директорот на Водовод и канализација, дури и се закани со реакција на жителите после изборите.

После 15 јули, без да сакам сега да политизирам, може да има остри реакции од граѓаните на општина Сарај, поради системите кои се функционални, но немаат вода за пиење“-рече Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.

Но, жителите и снимките се чини го демантираат првиот човек на општината.

„Не, немаме канализација, немаме ниту водовод. Имаме бунари со хидрофори.“

„Имаме проблем со водата. Со канализацијата? Исто и со канализацијата. Ние им даваме гласови, но нека ни дадат нам гласови.“

„Полнам вода за пиење. Имаме, но не е добра.“

„Мрежата е направена, но куќите сè уште не се поврзани со мрежата. Каналот е сред село, водата минува низ него и смрди. Навистина пречи.“

„Имаме диви канализации. Но, немаме соодветна канализација. Тоа е голем проблем. Во ова маало тука не се спие од смрдеата.“

„Без да го среди ова, срамота е да доаѓа и да бара гласови.“

„Ние секогаш плаќаме сметки за вода, но немаме редовно вода.“

„Сега ќе ја пуштам чешмата, ќе ја пуштат за еден час и ќе ја запрат, нема повеќе. Потоа вода од бунар. За среќа имаме бунари, да немаме бунари како некои, катастрофа.“

Жителите велат дека загубиле надеж од, како што велат, празните ветувања на градоначалникот дека ќе ги реши проблемите со водата за пиење и канализацијата.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...