fbpx

Фудбалерот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез на крајот на сезоната најверојатно ќе го смени клубот. Реал е подготвен да се раздели со 28-годишниот Колумбиец, кој може да стане слободен агент за една година.

Затоа, Реал Мадрид сака да го продаде играчот од средниот ред за околу 25 милиони евра, пренесува „Марка“. Само пред една година, Атлетико и Наполи понудија 45-50 милиони за Родригез, но кралскиот клуб одби.

Сега играчот за играчот се заинтересирани Манчестер јунајтед, Арсенал, Евертон и Вулверхемптон, кои се свесни дека Реал Мадрид е присилен да го пушти Хамес да си оди за „разумна“ цена.

МИА

 

Shpërndaj me

Loading...