fbpx

Владата нема политичка моќ да го пролонгира терминот за трошење на парите од платежните картички кој завршува на 15 август. Рокот беше утврден со уредба на сила на Закон за време на  вонредната состојба, но сега ситуацијата е поинаква вели  вицепремиерката за економија Мила Царовска . Поради ова останува неизвесно дали граѓаните кои вчера добија позитивен одговор по поднесените приговор, ќе имаат доволно време да ги подигнат и искористат парите од државата. Од 46 илјади приговори Владата вчера прифати 9 200.

„Доколку се воспостави Собранието побрзо и се оди кон некаква законска измена, сметам дека тоа е прекомплицирано сега да може да се направи. Може да се отвори како дискусија во влада ако има одреден став, но роковите се поставени во уредби со законска сила кои немаме моќ во моментов да ги менуваме“, рече Мила Царовска, вицепремиерка за економија.

Од Министерствто за финансии на  комерцијалните банки денеска им биле префрлени повеќе од 500 илјади  евра и банките сега  треба да почнат со изработка и издавање на новите платежни картички. Досега биле издадени 300 илјади картички во износ од 26 милиони евра.. Од Македонската банкарска асоцијација денеска не добивме одговор, колку време ќе им биде потребно на банките да ги изработат новите картички за граѓаните кои добија позоитивен одговор на поднесените приговори. На стартот од овој процес, банките ги изработија картичките за две недели. Сега имаат 17 дена, за изработка, дистрибуција и трошење на парите кои треба да се помош од државата за здравствено-економската криза.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...