Кристијано Роналдо е првиот фудбалер кој за време на својата кариера станал милијардер. Според списанието „Форбс“, 35 – годишната ѕвезда на Јувентус е третиот спортист по Тајгер Вудс и Флојд Мејведер што станал милијардер, додека се уште е активен во спортот. Околу 650 милиони долари, португалскиот фудбалер ги заработил само од платите во текот на својата кариера, додека остатокот доаѓа од активности надвор од теренот. Роналдо е исто така најследената личност на светот на Инстаграм, со 222 милиони следбеници.

Shpërndaj me

Loading...