fbpx

Иран сега збогатува повеќе ураниум отколку што тоа го правеше пред потпишувањето на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година, изјави денеска претседателот Хасан Рохани во телевизиско обраќање до нацијата.

-Засилен е притисокот врз Иран, но ние продоложуваме да напредуваме. Збогатуваме повеќе ураниум отколку пред потпишувањето на договорот, рече Рохани, пренесен од британските медиуми.

Иран почна постепено да го намалува почитувањето на одредбите од нуклеарниот договор откако американскиот претседател Доналд Трам во мај 2018 година унилатерално ги повлече САД од него, и веднаш воведе нови санкции против Техеран.

 

Shpërndaj me

Loading...