Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге изјави дека сите клубови во Германија изразија поддршка за редовно завршување на првенството, дури и ако треба да играат и после јуни, поради пандемијата „Ковид 19“. „УЕФА со право ја критикуваше Белгија за нејзината избрзана одлука, но ние во Германија сите сме согласни да го завршиме шампионатот. Станува збор за 36 клуба на Бундеслигата 1 и 2, кои изразија подготвеност да играат во јули“, рече меѓу другото Румениге. Еден проблем со кој се очекува да се соочат клубовите е со договорите на некои играчи, што истекуваат на 30 јуни.

Shpërndaj me

Loading...