fbpx

Активисти на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ од Гостивар и жителите на околните населени места и денеска го блокираа патот до депонијата Русино, враќајќи ги назад камионите полни со ѓубре. Според активистите, блокадата ќе продолжи се до исполнување на нивните барања, како што се: запирање на палење на отпадот, редовно да се покрива отпадот, да се инсталираат безбедносни камери, а обезбедувањето да работи 24 часа, а не осум како што е сега.

„Вчера имаше два камиони кои дојдоа, и за жал не дозволивме да одат во депонијата Русино и да го фрлаат ѓубрето и ги вративме назад. Секако дека им дозволуваме на камионите од Гостивар да го фрлаат отпадот во депонијата Русино, но прво нашите барања да се исполнат“.

„20 години ги имаме истите проблеми. Не е работа вчера, денес или утре. Ние сме загадени од депонијата Русино веќе 20 години“.

Директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, Исак Лазами, за Алсат изјави дека ја поддржува иницијативата за решавање на проблемот со депонијата, но не и блокирање на работата на институцијата што ја води. Лазами рече дека веќе побарал помош од полицијата за да влезе во депонијата Русино.

„Барањата се легитимни, барањата се нормални, можат да побараат, но не можат да ја блокираат нормалната работа на една институција. Многу парадоксално е прашањето зошто полицијата не интервенира. Испративме барање да ни помогнат и да се обезбеди отворање на патот, како од полицијата во Тетово, така и во Гостивар и тие имаат обврска да овозможат нормално функционирање на една институција.

Активистите на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ го блокираат патот од Долна Бањица до депонијата и се очекува да остане затворен уште девет дена. Употребата на регионалната депонија Русино од страна на деветте општини од Полошко започна пред 15 години. Оттогаш, планирана е модернизација на оваа депонија, со цел да се заштитат жителите од загадување на почвата и водата, но до денес не е сторено ништо.

Melihate Rustemi

Shpërndaj me

Loading...