fbpx

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска бара нејзиното обвинителство да има вкупно 20 обвинители. Моментално во ова обвинителство 10 обвинители гонат организиран криминал и корупција и според актуелната систематизација имаат тројца обвинители помалку. Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, за Алсат вели дека треба да анализраат дали навистина во тоа обвинителство има потреба од 20 обвинители.

Ќе треба во иднина Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција да ни даде податоци за оптовареноста на секој јавен обвинител со број на предмети, по кои кривични дела се постапува, односно за тежината на самите кривични предмети“-рече Ацо Колевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Колевски очекува до септември Обвинителството за организиран криминал да добие и нови обвинители, а сега изборите го кочат нивниот избор. На конкурсот ќе можат да се пријавата сите обвинители кои ќе ги исполнат критериумите вклучувајќи ги и обвинителите кои работеа во СЈО.

Тоа зависи пред се од определени критериуми, стажот како јавен обвинител, успешноста во работењето со предметите, неговиот однос со колегите…“-изјави Ацо Колевски, претседател на Совет за јавни обвинители.

Со нови обвинители во организиран криминал, ќе се намали бројот на обвинители во пониските обвинителства. Моментално таму недостасуваат 30 обвинители, а во Вишите обвинителства 12. И со пензионирањата се намалуваат лицата кои го гонат криминалот. А, за нова генерација ќе се почека најмалку три години. Обуката во Академијата за судии и јавни обвинители не е почната поради приговорите од неизбраните кандидати. Обука за иден судија или обвинител чека и синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлед Џафери кој е избран на Академијата.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...