fbpx

Само околу 30 отсто од граѓаните кои изминативе месеци ја користеа можноста да го одложат плаќањето рати за кредитите, повторно го побарале тоа. Неофицијално Алсат дознава дека бројот на барања е драстично намален поради построгите критериуми кои банките ги поставија за граѓаните да може да добијат второ шестмесечно одложување. Сега на ред се банките кои до крајот на овој месец ќе ги разгледаат сите пристигнати барања и ќе ги известуваат клиентите дали нивното барање е одобрено.

За разлика од првата одлука за замрзнување на кредитите која можеа да ја искористат сите граѓани, второто одложување може да го искористат граѓаните кои останале без работа, имаат намалување на платата од најмалку 10% во период на корона-кризата или високи лекарски трошоци за лекување од коронавирусот.

Она што граѓаните треба да имаат во предвид е дека и со второто одложување, нема да бидат поштедени од каматата. Како и за првиот шест месечен период, така и за овој банката ја пресметува каматата која потоа ќе биде додадена во остатокот од ратите за кредитниот производ. Првото шестмесечно одложување го искористија дури 70 отсто од граѓаните кои имаат кредитни обврски кон банките. Редовното плаќање започнува од први октомври, односно од следнава недела.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...