Светска банка испрати  предупредување до Владата, дека ќе ја контролира како ги троши од позајмените пари од оваа институција наменети за Ковид 19. Од оваа меѓународна финансиска институција им порачаа на властите дека ќе го следат секој потрошен денар, и ќе имаат нулта толеранција.

„Светска банка има нулта толеранција за измама и корупција и сериозно ја сфаќа обврската да обезбеди средствата да се користат за јасно дефинирани активности и истите да стигаат до наменетите корисници. Упатствата поврзани со набавка на Светска банка ќе се применуваат за набавка на здравствени материјали, опрема и услуги. Паричните трансфери до домаќинствата се регулирани со јасни критериуми за подобност и имаат механизми за надзор и контрола“, нагласуваат од Светската банка.

Министерката за финансии Нина Ангеловска тврди дека се ќе биде транспарентно. Ангеловска вели, дописот од Светска банка е само уверување дека кога банката одобрила заем за Македонија ќе ја следи реализацијата на парите.

„Претпоставувам дека реакцијата е со цел, дека се чека да се потпише овој заем кој поминал кај бордот. Бидејќи се работи за заем за финансирање на социјална заштита, здравствено осигурување, за ранливи категории“, вели Ангеловска.

Писмото следува по  серијата партиски препукувања на релација опозиција – власт за тоа како ќе се трошат парите наменети за борба против пандемијата.  Од оваа финансиска институција земјава позајми 160 милиони евра.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...