fbpx

Глобалните банки за две децении испрале над 2.000 милијарди долари за кои се наведува дека се сомнителни, се вели во извештајот објавен од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари. Извештајот се заснова на илјадници документи кои протекоа во јавноста од Министерството за финансии на САД, кое истражува перење пари. Документите покажуваат како големите западни банки им помогнале на криминалните мрежи ширум светот, вклучувајќи ги и оние во поранешниот Советски Сојуз, да преместат и да сокријат пари. Над 2.100 документи на мрежата за финансиски криминал првично беа објавени од Базфид, а потоа беа дистрибуирани до над 400 новинари ширум светот, за понатамошно истражување. Документите на мрежата за финансиски криминал се состојат од извештаи за сомнителни активности, кои датираат од 1999 до 2017 година.

 

Shpërndaj me

Loading...