fbpx

СДСМ денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој, според нив кога е соочен со одговорноста за неговите дела, тој преку лаги, конструкции и манипулации се обидува да избегне одговорност.

– Граѓаните имаа можност да го чујат, видат и почуствуваат криминалното и антидржавничко владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога преку криминал, корупција, насилство, притисоци и сеење омраза и поделби, ракововодството на ВМРО-ДПМНЕ криминално се богатше на сметка на осиромашените и угнетени граѓани, се вели во соопштението.

Од СДСМ порачуваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и државата.

– Сите, па вклучително и Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговораат за своите постапки пред независен и професионален судски систем. Пред правдата сите мора да бидат еднакви и тоа важи и за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението.

Од СДСМ порачуваат дека врвен национален интерес за сите граѓани е враќање на правдата и правниот поредок во државата. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднкаво без разлика на нивната етничка, верска, политичка или каква било друга определба.

Shpërndaj me

Loading...