fbpx

СДСМ и ДУИ секој ден се повеќе комуницираат и ги зближуваат нивните ставови за формирање на парламентарно мнозинство и нова Влада. Додека претставниците на двете партии се сретнуваат далеку од јавноста, Алсат дознава дека од утре средбите ќе се интензивираат, а до средината на следната недела ќе има и прелиминарен договор меѓу овие две партии. Иако не се појавуваат пред медиумите, во своите соопштенија од СДСМ велат дека двете страни целосно се согласуваат за мнозинството прашања околу новото владеење.

СДСМ:

„Во преговори со политичката партија ДУИ целосно се согласуваме за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Посветени сме за социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и се согласуваме да се спротивставиме на сите форми на национализам и на омраза. Преговараме дека евентуалната заедничка програма на Владата мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ.“

Додека од СДСМ постојано комуницираат преку соопштенија, во ДУИ владее целосен молк за преговорите, не коментирајќи ги средбите и темите на преговорите. Од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, го повторија ставот дека се во постојан контакт со сите политички партии. Додаваат дека на почетокот од следната недела ќе ги донесат конечните одлуки.

Коалиција Алијанса за Албанците – Алтернатива:

„Моментално имаме контакти со сите страни. На почетокот на следната недела се очекува да донесеме децидни одлуки за сите прашања околу коалициите, на заедничка маса со лидерите и за нашето учество во Владата“.

И од ВМРО ДПМНЕ и натаму потенцираат дека се во контакт со сите политички партии, без да дадат детали околу евентуалните средби.

До петок партијата која ќе обезбеди парламентарно мнозинство, треба да го извести претседателот на државата Стево Пендаровски, а тој треба да го довери мандатот за формирање на новата Влада.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...