Алберт Селадес повеќе не е тренер на шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија. Раководството на клубот одлучи да го отпушти тренерот поради слаби резултати.

Селадес ги предводеше „лилјаците“ од септември 2019 година.

Под водство на Селадес, Валенсија победи само на два од последните 13 натпревари и излезе надвор од зоната која носи учество во европските купови. По 32 кола, екипата е на осмото место во Ла Лига.

 

Shpërndaj me

Loading...