fbpx

Поранешни политичари оценуваат дека следниот претседател на државава треба да биде консензуален, односно прифатлив за сите етнички заедници. Поранешниот претседателот на Собранието, Стојан Андов, оцени дека прашањето на консензусот во изборот на функцијата претседател, но и на премиерот и спикерот на Парламентот не треба да се остава на политичката волја на партиите. Тој препорачува уставно решение.

Андов нагласува дека големи отворени проблеми кои бараат решенија се тешкото достигнување на цензусот и неизвесноста околу овластувањата на претседателот. Во меѓувреме, поранешниот политичар Имер Селмани оценува дека е време претседател на Македонија да биде Албанец.

Да не почнеме од фактот дека тој треба да биде Македонец, да биде прифатен од Албанците. Албанците ги гласаа речиси сите претседатели по ред. За жал и Иванов го изгласаа Албанците пред 5 години и пред 10 години, не во голем број, туку во доволен број за да стане претседател. Да не зборуваме за Борис Трајковски, Црвенковски и Киро Глигоров, кои исто беа изгласани од Албанците. Време да се размислува за консензуален кандидат Албанец, кој ќе биде изгласан од македонска страна и сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, рече Селмани.

Коментирајќи ја неофицијалната листа на потенцијални кандидати за нов претседател, неофицијално во последниве денови се шпекулираше и Имер Селмани. Тој вели дека консензуалниот кандидат ќе треба да биде личност која е прифатлива за граѓаните, а не партиска личност. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, би бил еден од прифатливите кандидати за него.

Но, Малески, кој, секако ја поздрави изјавата на Ахмети, рече дека од ниту една политичка партија не бил формално контактиран. Од партиите за Алсат коментираат дека имињата на кандидатите јавноста ќе ги дознае најверојатно во јануари. Според Уставот, претседателските избори треба да се одржат во последните 60 денови од мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој беше повторно избран за претседател за втор петгодишен мандат во април 2014 година кога се бореше со Стево Пендаровски од СДСМ. ДУИ тогаш ги бојкотираше изборите откако не беше прифатена нивната идеја за консензуален претседател, додека ДПА се натпреваруваше со партискиот кандидат Илјаз Халими.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...