Жителите на тетовско Селце веќе 20 години чекаат државата да им изгради училиште за околу 500 ученици. Тие сега учат во старата зграда каде што учеле нивните татковци, па дури и дедовците. Нов објект почна да се гради пред неколку години без претходна студија, што доведе до пукање на ѕидовите. Зградата сега скоро и не се гледа зашто е сосема обрасната. Партиите, особено ДУИ скоро, во секој изборен циклус излегуваше со ветување дека ќе се изгради новото училиште, но жителите велат дека повеќе не веруваат во тоа бидејќи, велат, преку глава им е од измами.

 „Дури и по две децении училиштето во Селце е во иста состојба. Дрвјата и растенијата што растат наоколу секој ден, ја покрија речиси целата зграда“

Неодамнешните снимки на Алсат покажуваат дека по сè изгледа уште долго време децата од Селце во општина Тетово ќе учат во старото училиште. Новата зграда, која е ветување од 2000 година, нема надеж дека наскоро ќе почне да се гради. Дури и директорката нема точни информации.

Чекаме на изградбата на новото училиште што ги помина сите процедури како што треба и со изградбата на новото училиште мислам дека сите тешкотии ќе бидат надминати“-изјави Мирибане Абдиу, директорка на О.У „Рилиндја“  с. Селце.

Најавата за изградба на новото училиште е само уште едно предизборно ветување од ДУИ и ништо повеќе, велат револтираните жителите.

„3.600 жители на селото, 500 ученици без училиште. Со старото училиште изградено пред 60 години. Дали учевте и вие во ова училиште? Да, а веќе 3 години сум во пензија. Учениците учат сега каде што учев јас пред 50 години.“

Нема ни да се изгради. Кој и кога ќе го стори тоа? На почетокот, кога почнаа, не ја анализираа почвата. Со текот на времето, како што го градеа првиот и вториот кат, се распука и така остана. Сега треба да се дадат пари за да се урне и да се изгради одново. Партиите, секој пат кога е редот да се гласа, ни ветуваат ридови и долини.“

„Поминаа 50 години од ова училиште, не сторија ништо. Само доаѓаат тука, нè лажат и заминуваат. Ништо. Ги земаа парите, ги украдоа.“

Новото училиште треба да се гради на друга локација. Претходниот проект не успеа, а работите на него не можат да продолжат поради напукнатите темели и ѕидовите на полуизградената зграда за која веќе биле потрошени околу 400 илјади евра. Од Министерството за образование повторно ветуваат училиште во Селце, велејќи дека сега се завршени сите процедури за новиот проект, а наводно биле предвидени и пари во буџетот.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...