fbpx

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен беше лут синоќа по драматичното реми против Селта (2: 2). Каталонците ја пропуштија победата во последните минути, а Сетиен се кае за многу пропусти пред паузата.

– Противникот презеде многу ризици во последните минути и стигна до гол што му донесе бод. Не требаше да дозволиме тоа да се случи затоа што игравме многу подобро од Селта во првото полувреме. Тогаш требаше да водиме убедливо. Да, фудбалот е неправеден. Неверојатно е како ударот со глава на Жерард Пике не се претвори во гол. Направивме многу добри работи на натпреварот, прокоментира Сетиен.

 

Shpërndaj me

Loading...