fbpx

Градоначалниците на деветте полошки општини се состанаа да најдат решение за протестите против депонијата Русино кај Гостивар. Локалните институции бараат Владата да го реши проблемот, Русино да биде затворено и да се најде друга локација за депонија. На состанокот беа присутни и претставници на Министерството за екологија, инвеститорите од Швајцарија и лица од граѓанскиот сектор. Средбата доаѓа откако демонстранти го блокираа патот кон Русино и не дозволуваа камионите од ниту една друга општина, освен од Гостивар, да истоваруваат смет во депонијата.

Shpërndaj me

Loading...