Во изминатите 24 часа, во Германија се регистрирани 741 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Бројот на заразени е скоро двојно поголем од претходните денови, додека бројот на починати е зголемен за 39, со што вкупниот број починати лица позитивни на Ковид-19 достигна 8.450, според Институтот „Роберт Кох“.

Како и повеќето европски земји, во последните неколку дена Германија ги ублажува ограничувачките мерки наметнати на почетокот на пандемијата.

Досега се заразени вкупно 182.452 граѓани во Германија.

Shpërndaj me

Loading...