Општина Теарце стана ново жариште на корона вирусот. Според најновите податоци, над 50 проценти од заразените се во селото Теарце, додека критична е ситуацијата и во село Слатина. Јасминка Богдановска, која успеа да го победи Ковид 19, вели дека периодот на закрапнување не бил лесен ниту за неа, ниту за нејзиното семејство.

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани, апелира максимално почитување на мерките.

„Нагласив, во конкретниот случај на моето семејство, каде што почина мојата сестра, а на погребот не дозволив да има присутни. Апелирам до верските претставници при смртни случаи да не дозволат да примаат гости на сочувство. Нека ги извршат верските церемонии, со ограничен број на луѓе. Ние мора да ги почитуваме советите и предлозите дадени од релевантните институции“, рече Асани.

Во општина Теарце, од ширењето на корона вирусот, починаа две лица од селото Слатина, додека четири села се извор на КОВИД 19.

Башким Сулејмани

 

Shpërndaj me

Loading...