Веста ја соопштија сите англиски медиуми кои пишуваат дека одлуката ќе се официјализира во следните два дена. Моментално се одржуваат средбите помеѓу организаторите на овој тениски настан каде и ќе се дознае локацијата и датумот на одржување на турнирот. Ако се одложи, ќе биде прв пат по Втората Светска Војна турнирот да не се одигра во „Њу Ингланд Клаб“. Според годишната програма, Вимбелдон треба да почне на 29 јуни, но поради пандемијата со Ковид 19, скоро е сигурно дека нема да се игра. Организаторите се убедени дека можат да ги вратат парите од влезниците.

Shpërndaj me

Loading...