fbpx

Претходната недела мигрант, носител на корона вирусот, со полесни симптоми, влегол на наша територија и бил префрлен во државен карантин­. Сите мигранти во транзитниот центар се во изолација поради пандемијата.

На сите нив им се мери температурата, а оние кои ги имаат симптомите на вирусот се тестираат. Тоа го проверува гевгелискиот Центар за јавно здравје. Од Центарот за управување со кризи појаснуваат дека дневно тука доаѓаат меѓу 20 и 40 мигранти. Моментално во транзитниот центар ги има 26.

„Има раздвижување, точно е тоа. На дневна основа можеби околу стотина мигранти се фаќаат на нашата земја, меѓутоа овде во транзитниот центар Винојуг таа состојба не се рефлектира на тој план и ние имаме мигранти коишто се згрижени, дел од здравствени причини…“, рече Зоран Лазаревски, ЦУК – Гевгелија.

Од средината на март до средината на јуни, полицијата спречила над 4.000 обиди за илегално минување на границата, најмногу на јужната, па источната. Биле откриени и 16 случаи на криумчарење во кои се фатени над 400 илегални мигранти најмногу од Пакистан, Бангладеш и Авганистан.

Инаку, вчеравечер на патот Валандово – Струмица се преврте комбе со 50 мигранти од Индија, Авганистан и Пакистан. Возачот избегал, а десетина мигранти се повредени, другите се однесени во прифатниот центар Винојуог. Пред само три дена во камион беа откриени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан на патот Гевгелија – Богданци кои се веќе вратени во Грција. Поради зголемениот број на илегални мигранти сè уште е активна кризната состојба на јужната и северната граница.

Според податоци од МВР:

Период: 12.03.2020 – 12.06.2020:

Спречени 4.342 мигранти кои илегално сакале да поминат на граница

Во 16 случаи на криумчарење, фатени 428 илегални мигранти

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...