Барањето на ДУИ за премиер Албанец доаѓа по мандатот на неколкуте вицепремиери во извршната власт, чии активности скоро секогаш беa под сенка и без резултати. Вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор со години бeше првиот кои ја координирал работата на сите други министри Албанци. Во улога на вицепремиер, Муса Џафери скоро и да не беше воопшто присутен во јавноста, па медиумите имаа многу мала можност да го интервјуираат и да му поставуваат прашања. За улогата на Џафери јавноста повеќе слушна во „бомбите“ и прислушуваните материјали. Набргу откако изби скандалот со прислушувањето, ДУИ ги смени министрите и на негово место дојде Фестим Халили. Без целосен мандат, Халили ќе биде запаметен откако ангажираше фирма која работи како киоск во Тетово за да го анализира спроведувањето на Охридскиот договор.

Со промената на власта во 2017 година, за вицепремиер од редовите на ДУИ дојде Хазби Лика. Како резултат на внатрешното политичко незадоволство, Лика ретко можеше да се види на јавни активности и во Владата. Освен тоа, не доаѓаше ниту работа и тоа повеќе од шест месеци. Подоцна Лика беше разрешен и со формирањето на новата Влада, неговото место го зазеде поранешниот министер за екологија, Садула Дураку. Институцијата што сега ја раководи Дураку, граѓански организации ја оценија како најнетранспарентна од сите државни ресори.

Меѓу клучните и најважните задачи на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор е да се обезбеди правична застапеност на Албанци во институциите. Процесот на систематизација на административците не е завршен по сите овие мандати и после сите овие лица надлежни за ова тело. Првите вицепремиери Албанци не се паметат дека промовирале или спровеле некој голем проект, а ДУИ денес бара уште повисока позиција, премиерската.

Fatlume Dervishi

Shpërndaj me

Loading...