Во Клиниката за инфективни болести во Скопје, пациентите заразени со корона вирус бијат секојдневна битка за да ја победат болеста. Некои од нив веќе ја поминаа критичната фаза и се во подобра состојба, додека на некои им требаат машините за кислород.

-Колку време е на кислород?

„Цело време. Понекогаш може сам. Сега машината му помага. Значи не е на респиратор, не е на интензивна нега“.

„11 дена сум тука. Задоволни сме од медицинскиот персонал. Тие се грижат многу за нас“.

„Најпрво имав болка во грлото, а потоа и покачување на температурата. Направив тест и излезе позитивен и потоа болеста почна да напредува“.

„И јас не верував дека има корона, но еве…”

-Сепак, сега веруваш?

„Верувам, да“, сведочат пациентите.

Инфектологот Илир Демири ги повика граѓаните кои имаат симптоми, да не ги кријат, за да бидат навремено излекувани.

„Во принцип, никој не е виновен. Прво сакам да ги уверам луѓето во една работа, да се биде болен не е срам, без разлика каква болест имате. Болеста доаѓа сама, не мора да ја поканите. Ги замолувам сите сограѓани да не ги кријат симптомите и оние што имаат потреба од здравствена заштита да се обратат во здравствените установи“, вели Демири.

Зголемениот број на тестирања, ја одолжува постапката за обработка на резултатите.

-Колку време е потребно за да се тестира еден пациент?

„10 до 15 минути.“

-Значи еден резултат во рок од 24 часа?

„24 часа. Поради големиот број на тестирања, невозможно е да се направат сите одеднаш“, велат од клиниката.

Фатлуме Дервиши

 

Shpërndaj me

Loading...