Платформи, потпорни ѕидови, шанкови, урбана опрема од лежалки до маси, столици и чадори денес продолжија да се отстрануваат  на охридското крјабрежје, но овој пат  кај населбата Канео. Едно од најтрактивните места за посета во Охрид,со ова ќе добие сосема нов лик.

Онака како што најавија општинските власти, така и направија. Неколку десеттина работници од јавните претпријатија, отстрануваат, она што може да се отстрани, на плажите на потегот кај Канео без градежна механизација.

Целата акција се спроведуваше под силно полициско присуство и не беше дозволено снимање кај самите објекти. Сопствениците велат дека не е нивна вина што досега не се распишани огласи за нови концесии за плажите, иако тие до 2019 година ги имале платено сите давачки за закуп кон општината.

„Дојдоа тука со дваесет луѓе од полиција, инспектор кој не знаеше да разговара културно, иако ние цело време настојуваме да се разбереме како луѓе и дваесет-триесет луѓе со машини за рушење. Не ни дозволија ни за останатиот дел да најдеме решение да работи, шанкот, плажата, лежалките за да ги задржиме вработените. Не ја сфаќаме поентата, дали некој сака да покаже сила, да направи проблем, сред сезона не ми е јасно“, рече Јован Трајаноски-менаџер.

Трајаноски вели дека само во неговиот објект повеќе од триесет луѓе ќе останат без работа. Дополнително сопствениците, обвинуваат и за селективност и бараат државата да се позанимава и со Струга, каде засега не е отстранета ниту една шајка од плажите и покрај владината уредба. Од општина Охрид велат дека акцијата ќе продолжи и наредниот период.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...