fbpx

Иако за денеска се очекуваше четвртиот сет владини мерки за справување со кризата, премиерот Зоран Заев и денеска со општи одговори на новинарско прашање, до каде е овој пакет. Единствено нешто што денеска ново откри премиерот Заев е скалеста помош во зависност од ударот од кризата врз компаниите.

Ако аплицираат компании што се погодени над 30 отсто би требало да имаме капацитетност да одиме со дополнителен развој на мерките  пропорционално да ги поттикнеме и помогнеме оние што се погодени 30, 50, 80 или 100 отсто. Најверојатно ќе тргнеме од некоја помош од 14.500 илјади, каде дополнително ќе важи за тие што се до 30 отсто погодени, а би требало да биде поголема за тие што се 40 отсто погодени, 50 отсто, 60, за да имаме правичност во целата реализација на сите овие мерки“-изјави Зоран Заев премиер.

Помошта за граѓаните повторно вели дека ќе биде со нови картички или ваучери се со цел поттикнување на приватната потрошувачка. Во прв план за државна помош се невработените кои седат дома и не бараат работа, пензионерите кои имаат пензија до 15 илјади денари, самохраните родители,  стечајните работници, како и ранливите категории кои добиваат социјална помош. Инаку, бизнис здруженијата веќе обвинуваат дека приватниот сектор во земјава добил најмалку помош од државата во однос на останатите стопанства во регионот и пошироко.

 

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...