fbpx

Пандемијата на коронавирус и натаму се забрзува, а повеќето земји сè уште не успеале да ја стават под контрола, предупреди денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој посочи дека од над 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во таа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.

Гебрејесус оцени дека пандемијата открила нееднаквости, на глобално ниво и во одделни земји, како во медицинскиот систем, така и пошироко во општеството, пренесува „Гардијан“.

Shpërndaj me

Loading...