Ако сте љубители на виното, следниов текст е за вас. Фактот дека сакате да го пиете не значи ништо освен дека уживате во неговиот вкус, но за да го доведете своето уживање до совршенство потребно е малку знаење.

Корисни совети од експерти за вино, неговото производство и употреба, не се нешто што можете да го добиете секој ден. Затоа обрнете внимание на овие ситници за да пред сите што тврдат дека се големи познавачи на виното.

Температурата на винотот е клучна работа, белото се конзумира на температура помеѓу 9 и 14 степени целзиусови, а црвеното од 15 до 20 степени, во спротивно, квалитетното вино може да ви остави впечаток на вино од трета класа бидејќи не е сервирано на адекватен начин.

Исто како и парфем, виното има неколку фази во кои се отвора и на истренираниот нос не може да му избега ниедна состојка. Затоа е многу важно да го сервирате во соодветна чаша, бидејќи ако го послужите во лоша чаша која не му дозволува доволно да се отвори, уметноста на уживањето е уништена од самиот старт.

Чашата секогаш се полни до половина ако е црвено виното, а две третини ако е бело. Пред да ја наполните со вино, чашата задолжително измијте ја со вода за да се ослободи од непотребни мириси кои можат да го уништат вкусот на виното.

 

Shpërndaj me

Loading...