fbpx

Синдикатите бараат Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја повлече Одлуката за поскапување на струјата за 7,4 проценти. Сметаат дека ваква одлука не треба да се носи преку ноќ, без јавна консултација, во време на здравствена криза кога илјадници луѓе остануваа без работа, или се со намалени плати но, и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош, а не исплаќале плати на вработените.

Од ССНМ укажуваат и дека многу европски држави во кризава донеле одлуки со кои ги одложиле или ги покриле сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалиле цената на струјата.

И образложението на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, дека цената морала да се покачи, поради намалените приходи на енергетските компании револтира бидејќи според ССНМ профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани.

– Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период, стои во соопштението.

Shpërndaj me

Loading...