fbpx

Полицијата е стационирана во висорамнините на селото Синичане за да спречи евентуален судир меѓу жителите со спротивставени интереси. Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу вели дека полицијата нема за цел  да ги попречува работите, туку е како трета страна во овој спор. Тој вели дека полициските службеници дале  информации дека може да има конфронтација меѓу жителите на Синичане и Урвиќ.

„Полицијата е таму за да го одржи јавниот ред и мир. За да се избегне каква било закана што може да има последици по животот на граѓаните. На терен имаме две групи граѓани кои протестираат и кои имаат спротивставени интереси, а полицијата е таму за да го избегне овој конфликт. Полицијата ќе биде таму сè додека нема закани по животот кон ниту еден граѓанин“.

Нухиу додава дека обвинителството  не може да се меша во оперативниот план на полицијата се додека случајот не е во постапка предвидена со закон.

„Имаме односи со Обвинителството и ја почитуваме нивната работа, но во предистражна и истражна постапка, кога се работи за собирање факти, траги и докази за кривично дело. Во меѓувреме, безбедносниот аспект ни припаѓа нам. Имаме обврска да го заштитиме секој граѓанин “

Шефот на полицијата ги повикува страните да не го злоупотребуваат случајот за политички цели и да ги остават институциите  да го решат прашањето во согласност со законот.

Adrian Kerimi

Shpërndaj me

Loading...